Каква е историјата на Ayurveda?

Ајурведата датира отприлика од пред 5000-10000 години и на широко се смета за најстара форма на здравствена грижа во светот. Многу научници велат дека знаењата од Ајурведата се прошириле од Индија и влијаеле врз создавањето на древниот кинески систем на медицина, врз Унани медицината, како и врз хуманата медицина практицирана од Хипократ во Грција. Поради оваа причина, Ајурведата често се нарекува и Мајка на сите лекувања. Се верува дека знаењата од Ајурведата се со божествено потекло. Тие им биле познати на светците и на сагите во Индија, кои ја добиле мудроста преку длабока медитација. Знаењата за Ајурведа усно биле пренесувани со генерации, а потоа биле запишани на Ведите, светите текстови на Индија, за кои се верува дека се најстарите текстови на светот. Напишани на санскритски, Ведите покриваат огромен број теми од граматиката, па се до здравствената грижа. Ведите се напишани околу 2500 год.п.н.е. или порано. Сегашното знаење за Ајурведата е земено од подоцнежните писанија, примарно од Чарка Самхита (околу 1500 г.п.н.е.), Аштам Хрдиам (околу 500г.п.н.е.) и Суршут Самхита (300-400 г.п.н.е.). Овие три класични писанија ги објаснуваат основните принципи и теории од кои еволуирала Ајурведата. Тие исто така, содржат и огромни клинички информации за постапување со мноштво болести.

 

Понова историја

Пред да го започне своето обновување на Западот, Ајурведата помина преку период на занемарување во Индија, откако западното медицинско образование стана доминантно за време на британското владеење. Ајурведата стана второкласна опција употребувана од страна на традиционалните духовни практичари и сиромашните. Откако Индија ја стекна својата независност, во 1947 година, Ајурведата ја зголеми популарноста и беа основани нови школи за неа. Денес, поточно последните 10 години отворени се повеќе од петстотини илјади компании и болници, како и неколку илјади училишта втемелени на Ајурведата. Иако Ајурведата, сепак, е втор систем за здравствена грижа во Индија трендот се движи во насока на комплетирана грижа, па западните и Ајурведа докторите често работат заедно. Интересот за Ајурведа на Западот започна во средината на седумдесеттите години од минатиот век, откако професори по Ајурведа почнаа да ги посетуваат САД и Европа. Преку пренесувањето на своето знаење, тие инспирираа големо движење кон тело-ум-дух медицината. Денес Факултети за Ајурведа се отвараат ширум Европа, Австралија и Америка.

 
БОЛЕСТИ

Ajurveda има одговор за сите хронични заболувања. Одговорот на вашето хрониично заболување ке го добиете најкасно во рок од 72 часа. Исконтактирајте не.

ДОСЕГАШНИ ИСКУСТВА

Благодарение на одличната соработка со докто Vikram Chauhan, Ајурведа дооел постигна одлични резултати во полето на холистичкото лечење.. повеке

СОРАБОТНИЦИ