Врската мегу Јогата и Ајурведата
Ајурведата е страната на лекување на Јогата, а Јогата е спиритуалната традиција од која се создава Ајурведата. Преку Јогата, човекот ги подготвува телото и умот за себе-реализација, за сплотување со божественото. Преку Ајурведата човекот го поддржува спиритуалното патување преку одржување на телото и умот во состојба на баланс и добросостојба. Патиштата на Ајурведата и Јогата се толку испреплетени што е тешко да се замисли да се оди по едниот, а да не се има свест и за другиот. Со употребата на мудроста на Ајурведата, Јога практичарите можат најдобро да ги изберат асанас (позите), пранајама (вежбите за дишење) и мантра (светите звуци), кои се специфични за нејзината или неговата конституција, за да можат да го одржат своето здравје. Практичарите на Ајурведа препишуваат специјални вежби како превенција од болести и асистенција во процесот на лекување.
|