Што е Ayurveda?
Ајурведа ( во буквален превод значи наука или знаење за животот) е традиционален холистички медицински систем на Индија. Иако Ајурведата се применува во Индија како севкупен систем на здравствена грижа со осум гранки, вклучувајќи ги педијатријата и гинекологијата, од неодамна стана позната и во Соединетите Американски Држави. Постулатот на Ајурведа дека умот, телото и духот се интимно поврзани, направи револуција во размислувањето на луѓето од Западот и во нивното сфаќање за телото и за здравјето. Ајурведата поучува дека одвојувањето на умот и духот од телото создава физички дисбаланс, кој, всушност, е првиот чекор во процесот на разболување. Оттаму, реинтеграцијата се наметна како прв чекор кон оздравувањето.
Ајурведата ги чита симптомите на болеста како нормален начин на комуникација во дисхармонија. Со овие мислења за болестите, пристапот на Ајурведа кон лекувањето станува очигледен: повторно да се воспостави хармонија помеѓу себе и околината, креирајќи оптимална околина за здравје.
Секоја личност според Ајурведата, има конституција креирана според детерминацијата на нејзината физиологија и особености. Оваа конституција е инхерентниот баланс на трите доши или трите биолошки сили кои ги раководат функциите на телото. Познати како Вата (движење), Пита (метаболизам) и Кафа (кохезивност). Постојат безброј комбинации и пермутации на овие три базични енергии и конституцијата на секоја личност е уникатна експресија. Конституцијата решава што природно ја привлекува одредена личност, што и е одбивно, а што е во хармонија со него. Бидејќи не постојат две исти личности, не постојат ниту две презентации на болест кои се исти. Ајурведа повејќе му приоѓа на лекот на личноста која ја има болеста, отколку на лекот на болеста. За да им помогне на единките при креирањето оптимална околина за здравје, Ајурведата нуди група третмани често насловувана како Терапија на пет сетила. Преку својата детална наука на диета и хербализам, арома терапија, терапија со бои, терапија со звуци и допирна терапија (масажа и марма терапија) Ајурведата препорачува како да се употребуваат сетилата за да се интегрираат со околината и да создадат баланс. Овие препораки се базираат на конституцијата на личноста, моментиниот здравствен дисбаланс, како и на годишното време. |