Гастритис


Воспалување на желудникот

Гастритисот е воспалување на цревото на желудникот. Воспалувањето може да биде од акутна или хронична природа.

Причини и симптоми

Главните симптоми на гастритис се губење на апетит, гадење, повраќање, главоболки и вртоглавица. Исто така, се појавува и болка во областа на стомакот. Останатите симптоми се намачкан јазик, лош здив, лош вкус во устата, зголемен дотек на плуканица, оскудна моч, општо чувство на вознемиреност како и ментална депресија. Во повеќе случаи, пациентот се жали од киселини во желудникот, и чувство на надуеност во стомакот, особено за време по оброците. По појавата наконстипација, но во некои случаи се појавува дијареа која се должи на цревната катарха.

Најчестите предизвикувачи на гастритис се диететската невнимателност како што е прејадувањето, конзумирање на храна во погрешни комбинации или пак несоодветно зготвена храна; дополнителен внес на јак чај, кафе или сосови. Други причинители се загриженоста, вознемиреноста, гневот, употребата на определени лекарства, силни киселини како и конзумирање на лути супстанци.

Хербални додатоци

Производ Определена доза
Vara Churna 1/2 кафена лажичка двапати дневно, со обична вода, по оброци
Mulethi Churna 1/2 кафена лажичка двапати на ден, со обична вода, по оброци
Yakritplihantak Churna 1/2 кафена лажичка двапати на ден, со обична вода, по оброци
Kumari Saar 30мл двапати дневно со еднакво количество на обична вода, пред оброци

Природни додатоци во исхрана

Кокос: 
Водата од кокос е одличен лек против гастритис. Му ги овозможува на желудникот неопходните минерали и витамини. Желудникот со овој лек се навраќа кон својата нормална функција и за време на оваа диета која трае 24 часа не се конзумира ништо освен кокосова вода.

Ориз: 
Кашата од ориз е уште еден одличен лек за акутен гастритис. Една шолја каша од ориз се препорачува двапати наден. Кај некои хронични случаи каде има доток на желудникова киселина, ваквата храна е неопходно да се конзумира подолг временски период затоа што е полезна бидејќи индуцира поголем доток на желудников сок.

Компир:
Сокот од компир е корисен лек за олеснување на гастритис. Се препорачува во доза од половина шолја сок, два до трипати на ден, половина час пред оброци.

Невен: 
Растението невен се смета за полезно кај третманот за гастритис. Се прави инфузија од ова растение во дози од една лажица и се зема двапати на ден.

Диететска важност

Пациентот треба да применува диета во период од два до три дена, во зависност од критичноста на состојбата. Пациентот треба да пие само топла вода овој период. Со ова се овозможува одмор на желудникот и се отстранува токсичната состохба на желудникот која предизвикува воспалување. Откако ќе исчезнат акутните симптоми, пациентот треба да се адаптира на овошна диета во наредните три дена и да се зема исклучително сокови од овошје, како на пример сок од јаболко, круша, грозје, грејпфрут, ананас и лубеница. Тој потоа смее постепено да се адаптира на добро избалансирана диета од семеста храна, ореви, лешници, бадеми, житарки, зеленчук и овошје.

Пациентот треба да одбегнува употреба на алкохол, тутун, зачини, месо, цревен пипер, закиселена храна, кисели краставички, јак чај и кафе. Тој исто така треба да одбегнува слатки работи, колачи, торти и газирана минерална вода. Младо бело сирење и потсирено млеко смее да се конзумира. Премногу различна храна не треба да се применува во еден оброк. Оброците треба да се земаат барем два часа пред спиење. Осум до десет чаши совода треба да се земаат секој ден со оброците затоа што ги разредува дигестивните сокови и ја подобрува дигестијата. Кон сето ова, мора да додадеме дека брзањето во исхранувањето исклучително треба да се избегнува, а оброците треба да се сервираат во пријатна и опуштена атмосфера.

Останати мерки

За почеток на овој третман, најпрво треба да се примени клистир со топла вода за да се прочисти утробата на дебелото црево. На пациентот треба да му се дава суво триење со сунѓер секој ден. Се става апликација од врела облога или облога како што е врело шише со вода, двапати на ден, без разлика дали на празен стомак или два часа по јадење. Пациентот не треба да биде изложен на тешки физички вежби, туку треба да применува лесни прошетки, пливање или голф. Тој треба да одбегнува грижи и ментална тензија.