Главоболка


Домашни лекови против главоболка и природни лекови против главоболка

Главоболката ги напаѓа речиси сите луѓе. Повеќето главоболки се функционални, и се причинети од привремени вознемирувања и не се поврзани со органски состојби на мозокот. Тие се најчесто природни предупредувања дека нешто не чини во телото. Самата болка всушност се добива од иритацијата на нервните завршетоци на рамењата, вратот и мускулите на скалпот а исто така и на мускулите кои ги заобиколуваат крвните садови кои служат на овие места.

Причини и симптоми

Најчестите причинители на главоболка се алергијата, емотивниот стрес, напнатоста во очите, високиот крвен притисок, мамурлакот, инфекција, нискиот шеќер во крвта, недостатокот од правилна исхрана, тензија како и присуството на отрови и токсини во телото. Алергиите често неочекувани причинители на главоболка. Храната на која некои луѓе се алергични и која може да допринесе главоболка е млекото и млечните производи, чоколадите, пилешкото месо, црниот дроб, алкохолот и сирењето. Кивањето и дијареата се останати индикации на алергија.

Хербални додатоци

Производ Определена доза
Ashwaghanda 2 капсули двапати на ден, со обична вода, по оброци
Brhami 2 капсули двапати на ден, со обична вода, по оброци
Punarnava Mandur 2 таблети трипати на ден, со обична вода, по оброци

Природни додатоци во исхрана

Лимон: Постојат неколку лекови од различен вид за главоболка. Лимонот е полезен за овој третман. Сокот од три до четири парчиња лимон треба да се процеди во шолја чај и да се зема од пациентот за третирање на оваа состојба. Тоа допринесува брзо олеснување. Кората од лимон, која вообичаено не се искористува, се смета за полезна против главоболка предизвикана од жештина. Кората од лимон треба да биде здробена во фина смеса во аван и да се аплицира како пластер на челото на главата. Со аплицирање на жолтиот и свеж плод од лимон на слепоочницата исто така се добива полезен ефект.

Јаболко: 
Јаболката се корисни кај сите видови на главоболки. По отстранувањето на горниот дел од кората како и внатрешниот дел на јаболкото каде има семе, се продолжува со додавање на малку сол на ваквото јаболко и се конзумира секое утро на празен стомак. Ваквиот лек се применува цела недела.

К`на:
Цветот на к`на исто така се смета за полезен против главоболка предизвикана од врелото сонце. Цвеќињата треба да се остават во киселина и да се аплицираат потоа на челото. Со овој лек за брзо лесно се постигнува олеснување.

Дарчин: 
Дарчинот е корисен кај главоболки предизвикани од изложеност на ладен ветер. Се прави фина смеса од овој зачин со промешување со вода и се аплицира на слепоочницата и челото за олеснување од главоболка.

Оригано/Планински чај: 
Растението оригано е корисно за третман на нервозна главоболка. Инфузијата од листовите на ова растение се користат како чај во третирањето на ова нарушување.

Рузмарин:
Растението рузмарин исто така е корисно кај главоболки предизвикани од студенило. Грст рузмарин се става да зоврие во литар вода и да се стави на грне. Главата треба да се покрие со крпа а пареата да се вдишува се додека пациентот може да поднесе. Овој лек треба да се приименува се додека целосно не се отстрани главоболката.

Диететска важност

Најдобриот начин да се спречи главоболката е да се изгради физички отпор низ соодветна исхрана, физичка активност и позитивно размислување. Како прв чекор, пациентот треба да примени кратка диета, и да зема цитрусно овошје промешано со вода на секои два часа, од 8 до 20 часот секој ден. Потоа тој треба да применува исхрана со која што помалку ќе го напрега својот метаболизам. Појадокот треба да се состои од овошје, свежо или осушено. Ручекот треба да се состои од протеинска храна. Скробната храна како што е белиот леб, цералиите, оризот или компирот треба да се конзумира за време на вечера заедно со свежа салата. Зачините, вкиселената матеница, како и масните прехрамбени производи треба да се одбегнуваат. Пиењето на чаша вода (топла вода во зима и ладна во лето), промешана со една кафена лажичка мед рано наутро исто така е добар лек. Исто така, се советува изобилно пиење на вода во текот на целиот ден.

Останати мерки

Други останати мерки за овој третман против главоболка е прочистување на утробата со клистир со топла вода, на температура од 37°C, примена на ладни облоги на грлото, чести апликации од крпи по врела купка со вода на задниот дел од вратот, како и ладна облога од 4.4°C to 15.6°C се аплицира на главата и лицето, или пак примена на наизменична грбна облога. Потребно е и да се применува врело триење во областа на стомакот пред спиење за олеснување на главоболки предизвикани од нарушувања во желудникот или црниот дроб.

Примена на врели купки на стапалата исто така е полезно за природен третман против хронична главоболка. Пациентот треба да ги држи своите нозе во када или корито со врела вода со температура од 40°C to 45°C петнаесет минути пред спиење. Овој третман треба да продолжи во период од две до три недели.

Јогата е мошне полезна, особено кријасите како јалнети и кунјаи; потоа прајами како ануломавилома, шатали и ситкари и асанаси како што се утанпадасана, сервангасана, пашимотанасана, халасана и шавасана се исто така корисни за третмано против главоболки.