Мали сипаници


Растителни лекови против леукореа- Бел вагинален исцедок

Насипувањето на кожата (Морбили) и треската од мали сипаници е високо заразна болест, и најчесто се појавува во детството. Таа е честа во оваа фаза на животот така што речиси сите деца во светот патат од неа.

Причини и симптоми

Првите симптоми кои се појавуваат првите седум до четиринаесет дена по изложеноста со вирусот се грозничавоста, настинката, течење на очите и сува кашлица. Осипот се појавува на кожата четири дена по овие симптоми. Овој осип кој се состои од мали тркалезни дамки со црвена боја, најпрво се појавува на страните од лицето и вратот, а потоа постепено се распространува низ телото, и за крај и кон екстремитетите. Најпрво, малата сипаница има розова боја, а потоа таа станува потемна како што минува времето. Малите сипаници вообичаено се пропратени со треска и дијареа. Во некои сериозни случаи, се појавува делириум. Компликациите можат да се влошат доколку во оваа болест се вклучени пневмонија, бронхитис и заушки. Една сериозна и ретка компликација е и воспалувањето во мозокот.
Малите сипаници се една од најзаразните болести предизвикана од вирус. Оваа болест лесно се пренесува во раните фази преку невидливи капки од носот од заболеното лице, кои настануваат кога тоа кива или кашла. Вистинската причина на оваа болест, како и останатите болести од детството, се секако погрешните навики во исхраната и нехигиенските услови на живеење.

Хербални додатоци

Производ Определена доза
Curcumin 2 капсули трипати дневно, со обична вода, по оброци
Neem 2 капсули трипати на ден, со обична вода, по оброци
Tulsi 2 капсули трипати дневно, со обична вода, по оброци
Kishore Guggul 2 таблети трипати на ден, со обична вода, по оброци

Природни додатоци во исхрана

Портокал: 
Портокалите се мошне корисен лек за мали заушки, бидејќи дигестивната моќност на организмот е нарушена. Пациентот кој пати од интензивна токсемија и недостаток од плуканица, има појава на премачкан јазик и често пати добива потреба од вода и определена храна. Вкусот на портокал помага во надминувањето на овие проблеми. Сокот од портокал е идеална течност и храна за оваа болест.
Сок од лимон:
Сокот од лимон исто така е одличен лек за гаснењето на жедта кај малите сипаници. Околу 15 до 25 мл сок од лимон, промешан со вода се зема како лек за оваа намена.
Турмерик: 
Турмерикот е одличен за третирање на мали сипаници. Свежиот корен од турмерик треба да се осуши на сонце и да се сомеле во прав. Половина к.л. од овој прав, промешан со неколку капки мед и сок од лисје од горчлива тиква треба да се дава на пациенти кои патат од мали сипаници.
Ликорис:
Ликорисот во форма на прав е одличен за олеснување на кашлањето, кое е вообичаена појава кај заушките. Детето пациент треба да зема половина к.л. ликорис во прав промешан со еднаква количина на мед.
Јачмен:
Употребата на јачмен се докажа како полезна за проблематичното кашлање кое се појавува кај малите сипаници. Оваа вода треба да се зема често, засладена со масло од слатки бадеми.

Семе од модар патлиџан: 
Семето од модриот патлиџан е стимулант. Внесот на еден грам од ова семе секој ден во период од три дена помага во растот на имунитетот против малите сипаници во наредниот период од една година.

Диететска важност

На почетокот на третманот, пациентот треба да пие сокови од свежо овошје како сок од портокал или сок од лимон и тоа неколку пати на ден. Ова е доволно доколку детето пати од губење на апетитот за време на овој период. Како што се подобрува оваа состојба, детето преминува на диета од овошје во наредните неколку дена. Потоа, детето треба постепено да преминува на добро избалансирана исхрана.

Останати мерки

Детето треба да биде во добро проветрена соба. Светлината има штетен ефект кон очите за време на малите сипаници затоа што тогаш се ослабнуваат надворешните ткива на очите, па затоа е потребно очите да бидат заштитени или пак во собата светлото да биде пригушено.
Целта на третманот е да се намали телесната температура и да се отстранат токсините од организмот. Ова може да се постигне со аплицирање на клистир со топла вода секое утро, да се аплицираат ладни облоги од кал на стомакот двапати на ден, наутро и навечер и да се повторува оваа облога и на градите. Потребно е да се применува купка со топла вода за да се олесни чешањето п телото. Додатоци од екстракт од листови од ним се ставаат во водата за поефиасност.
Децата кои имаат мали сипаници не треба да се дружат со други деца за да се спречи заразата и инфекцијата кон останатите. Всушност, тие треба да имаат целосен одмор, да живеат во хигиенски услови заедно со погорните третмани кои веќе ги спомнавме и тоа сето води кон забрзано закрепнување. Лекувањето со лекарства треба да се одбегнува.