Псоријаза


Растенија за Псоријаза, Растителни лекови за Псоријаза, Лек за Псоријаза

Псоријазата е еден од најтврдокорните заболувања на кожата. Таа е хронична болест, која се карактеризира со дебели, црвени, сребренкасти дамки на кожата. Оваа болест ги напаѓа и двата пола истовремено и е зачестена за време на првите петнаесет до триесет години од животот и покрај тоа што таа може да се појави во било која возраст. Псоријазата не е заразна болест.

Причини и симптоми

Генерално, кожата на лицето кое пати од оваа болест добива црвена боја и е иритирана со што е покриена со светли сребренкасти лушпи. Понекогаш се појавува и чешање. Областа која е најпогодена од телото се лактите,колената, кожата позади ушите, трупот и скалпот. Болеста исто така може да ги нападне и пазувите и гениталиите. Раните варираат во својата големина од моментални папули па се до големи големи ленти кои го покриваат телото. Раните се секогаш суви а ретко се инфицираат.
Неодамнешните студии покажаа дека псоријазата вклучува абнормалност на механизмот каде кожата расте и се обновува. Абнормалноста е поврзана со метаболизмот на аминокиселините, природните основни градивни елементи за репродукција на ткивата на ќелиите. Наследниот фактор исто така има своја улога во оваа болест. Факторите кои го заоструваат и забрзуваат надоаѓањето на оваа болест се физичкиот и емотивниот стрес, инфекциите, употребата на определени лекарства за третманот на останатите заболувања.

Хербални додатоци

Растението Ним се смета за најдобриот прочистувач на крвта. Тоае мошне корисно помеѓу многуте растенија против Псоријаза. Редовната употреба на ним е ефикасен природен третман против Псоријаза. Иако постојат различни растенија за проблемите со кожата, нимот е еден од уникатните и е на врвното место по своите особености. Различните растителни производи од Ним се достапни денес, но свежиот и сиров прав од ним е мошне ефикасно природно решение за различните проблеми кои можат да се појават на кожата. Ние употребуваме екстракт од Ним во нашите чисти вегетеријански капсули а лекот делува одлично!
Нимот е најефикасно растение помеѓу различните лекови за Псоријаза. Тој се употребува како Растителен Третман против Псоријаза уште од дамнешни времиња. Па така, доколку барате природен третман против оваа болест со кожата, вашето побарување и третман нема да биде целосен без Ним. Производот е 100% природен и е без несакани ефекти.

Капсулите од Ним со други растенија за Псоријаза
Капсулите Ним можат да се употребуваат во комбинација со други растенија за псоријаза. Псоријазата е питта-капха болест според медицината на Ајурведа. Ајурведата е традиционален систем за грижа на здравјето во Индија и според Ајурведа сите горчливи растенија се полезни за питта-капха болестите, особено кога е во прашање заболувањето на кожата. 
Останатите производи кои се полезни за Псоријаза се:
Таблетите „Kishore guggul“ - 2 таблети трипати на ден ablet
Tаблетите „Mahamanjisthadi Ghan Vati“  -2 таблети трипати на ден
„Navkarshik Churna“- 1 лажица двапати на ден

Иако „Kishore guggul“ и „Navkarhisk churna“ се одлични против болеста во зглобовите и другите видови на артритис, тие одлично делуваат и против псоријаза.
За локална апликација – „777“ Маслото се препорачува. Ставете од ова масло еднаш на ден по капење и потоа ќе забележите подобрување на раните и лушпите на кожата.
„Psorolin маст“ може да се аплицира по користењето на маслото „777“ на раните.  Маста може да се става половина час по употребата на маслото.

Природни додатоци во исхрана

Псоријазата е пита-капха болест. Па затоа, пациентот кој страда од Псоријаза треба да одбегнува исхрана која има киселкаст вкус. Целото цитрусно овошје, портокалите, лимоните итн. не се препорачуваат. Доматите можат да се употребуваат повремено но е добро доколку личноста не ги конзумира. Ананасот, јогуртот, јагодите исто така не се препорачуваат. Слатките не се препорачуваат исто така. Исто така, одбегнувајте безалкохолни пијалоци и алкохол. Обидете се да одбегнувате комбинирање на сладок и кисел вкус, врела и ладна храна. Легнувајте си рано навечер. 
Се препорачува водата од кокос, горчливите вкусови, зеленчукот, салати од спанаќ, краставици и тиква. Се препорачуваат вежби за дишење како што се Пранајама (Бхастрика Пранајама) се одлични. Капал Бхати е исто такаодлична пранајама против псоријаза.
Листови од зелка: Листовите од зелка се одлични за облоги во третманот за псоријаза. Дебелите и зеленкасти надворешни листови од зелка се најефикасни за облога. Тие треба темелно да се исчистат во топла вода а осушени со сува крпа. Листовите од зелка треба да израмнат, омекнат и да се обвиткани со сукалка по отстранувањето на нивните дебели вени кои ги има самиот лист. Тие треба да се загреат а потоа да се аплицираат како облога на заболеното место на начин на преклопување. Целата облога треба да се осигура и зацврсти со еластичен завој.
Горчлива тиква: Горчливата тиква е полезен лек за псоријаза. Една шолја свеж сок од овој зеленчук, промешан со една к.л. сок од зелен лимон треба да се зема постепено на празен стомак секој ден во период од четири до шест месеци.
Масло од авокадо: Маслото од авокадо е мошне полезен лек за третман на оваа болест. Тоа треба да се аплицира внимателно на заболените места.
Масло од индиски орев: Маслото добиено од надворешната кора од индискиот орев има горчлив вкус. Може да се употребува како облога врз заболените места на кожата.  
Матеница: Употребата на потсиреното млеко или матеницата се докажа како полезено кај псоријаза а пациентите треба да го конзумираат во слободни количини. Апликацијата од матеница врз самата кожа како облгоа се докажа исто така како полезна за третманот на оваа болест.
Витамин Е: Терапијата од витаминот Е е мошје ефикасна за третман на псоријаза. Пациентот треба да го зема овој витамин во терапевтски дози од 400мг на ден. Со тоа се помага во намалувањето на чешањето и формирањето на лушпи по телото.
Лецитин: Лецитинот се смета за исклучително одличен лек против псоријаза. Пациентот може да зема шест до девет капсули од лецитин на ден или два во доза од три капсули пред секој оброк. Доколку лецитинот се зема во форма на гранули, тогаш е доволно да се земаат четири лажици секој ден во период од два месеца. Дозата треба да се редуцира потоа на две лажици на ден.

Диететска важност

Бидејќи псоријазата е болест од метаболизмот, потребно е да се конзумира сок за прочистување во период од недела дена на почетокот на третманот. Моркови, цвекло, краставици и грозје се одличен извор за подготовка на овој сок за прочистување. По завршувањето на оваа диета за прочистување, пациентот потоа преминува на добро избалансирана диета од семки, ореви, бадеми, лешници, житарки, зеленчук и овошје. Особено треба да се нагласат свежите семки и ореви, семките од тиква, сончогледот како и изобилство од свеж зеленчук и овошје. Секој вид на животинско масло, вклучувајќи го и млекото, путерот, јајцата, рафинираната или термички преработената храна која содржи хидрогена маст или бел шеќер, зачините, кафето и чајот треба особено да се одбегнуваат во исхраната. Откако болеста ќе се надмине, пожелно е да се конзумира козјо млеко, јогурт, домашно младо бело сирење. Диетата со сок може да се повтори по месец дена.

Останати мерки

За време на почетната диета од сок, пожелно е да се применува клистир со топла вода за прочистување на утробата. Зачестените купки треба да се одбегнуваат. Не треба да се употребува сапун во капењето. Пожелно е еднаш дневно да се применува купка со морска сол или нејзина апликација како облога врз заболените места на кожата. Врелите купки со Епсом сол исто така се полезни за псоријаза, каде се додава и маслиново масло во нив. Кожата треба да се одржува апсолутно чиста со сува триење или да се трие со помош на сунѓер.