Марма масажа

Марма масажа

 

Марма масажа
Опис:

Марма во кратки црти

Мармите (витални точки) се многу значаен дел од Ајурведската анатомија и хирургија. Марма точките се дефинираат како анатомска целина од тело, вени, артерии, коски, зглобови и сврзно ткиво. Постојат 107 Марма точки низ целото тело.Секоја Марма точка има своја интелигенција и свесност, што е во координација со умот и телото.Оваа древна форма на третман која датира во период помеѓу 1500-1200 г. п.н.е, ги користи прстите за стимулација на Марма точките со тоа овозможувајќи физичка и ментална рехабилитација. Како што е тоа случај во акупунктурата, овие точки кореспондираат на соодветни внатрешни органи и систему во телото, кои реагираат на мануелна стимулација. Што е Марма? Мармите се централни витални области во телото. Зборот Марма води потекло од Санскритските зборови mru или maar.Санскритската фраза Marayate iti marmani,означува опасност од смрт или сериозно оштетување на здравјето, по инфликција врз овие места односно области кои се нарекуваат Марми. Марма е санскритски збор кој исто така означува скриено или тајно. По дефиниција, Марма точката е сврзник во телото каде две или повеќе типови на ткива се спојуваат, како мускули, вени, лигаменти, коски и зглобови.

Што се Марма точките?

Постојат вкупно 107 марми во телото. Во Тамил традиционално постојат 108 марми,а во Калари 365 марма точки.Главните марма точки кореспондираат со седум чакри односно енергетски центри во телото, додека споредните точки се наоѓаат по должина на торзото и екстремитетите. Точките ги покриваат и предниот и задниот дел на телото, вклучувајќи 22 на долните екстремитети, 22 на рацете, 12 на градите и стомакот, 14 на грбот и 37 на главата и вратот (умот се смета за 108-та марма точка). Секоја марма точка си има свое санскритско име кое им го дал Sushruta еден од почетниците на Ајурведската медицина. На човековото тело исто како и на машината му треба сервис за да функционира нормално. Хинду здравствениот систем ја употребува марма масажата како вообичаен дел од превентивната медицина. Професионалниот терапевт ги изолира марма точките и ги прочистува преку зголемување на циркулацијата во афектираниот дел на нервно-мускулната врска.Тие исто така имаат за цел и да ги тонизираат околните мускули. Во тек на долгогодишна употреба на марма масажате е дојдено до заклучок дека доведува до намалување на следниве симптоми:

- анксиозност и нервоза

- главоболка

- метален вкус во уста

- трнење на стопалата и прстите

- стрес на работа и дома

- недостаток на енергија

- општа слабост

- мускулна болка

- болка во грб и врат

Историја на марма масажата

Марма масажата датира од јужна Индија од пред 1500 г. п.н.е.За прв пат моќта на марма точките е откриена од страна на учител по калари. Калари борачите ги користеле марма точките како мета за предизвикување болка и повреда кај противникот. Според Калари лоре, луѓето имаат 12 марма точки,во кои ако се удри човекот,доаѓа до моментална смрт.Овие области каде што се наоѓаат марма точките биле толку важни за борците, што дури им ги заштитувале тие делови на своите коњи кога оделе во битка.

 


Времетраење: 70 минути


Цена:
1 ден: 1500 денари
3 дена: 4000 денари
7 дена: 8000 денари