Сипаница


Вирусна треска со осип

Сипаницата е високо заразна болест, која вообичаено се појавува кај децата. Ги напаѓа децата на возраст од три до четири години. Кај повеќето случаи, колку е повозрасно детето, толку е построга болеста.

Причини и симптоми

Сипаницата вообичаено започнува со ниско ниво на треска, слаба главоболка и чувство на слабост. Осипот се појавува на кожата во првиот ден од болеста. Осипот е во форма на тенки флеки врз кожата, особено на горниот дел од грбот и градите. Кај некои построги случаи, осипот се појавува на лицето и на долните екстремитети. Папулите се претвораат во мозолчиња и на крај се претвораат во гнојници кои формираат лишај, која потоа паѓа. Тие надоаѓаат како постепени приноси, па додека едни флеки се сушат, други флеки започнуваат да се формираат. Кожата се исчистува по неколку дена и детето се чувствува повторно добро. Времетраењето на оваа болест се движи ѓу десет до дваесет и еден ден, но највообичаено е помеѓу четиринаесет и седумнаесет дена. Сипаницата е предизвикана од вирус. Многи истражувачи веруваат дека болеста е тесно поврзана со многу посериозна состоjба попозната како шиндра или херпес кој ги напаѓа возрасните лица. Главната причина на оваа болест исто како кај повеќето случаи на детска треска се верува дека е погрешната исхрана на децата што резултира со нарушен одбранбен систем на нивното тело.

Хербални додатоци

Производ Определена доза
Kishore Guggul  2 таблети три пати дневно со обична вода
Neem 1 Кафена лажичка два пати дневно со обична вода
Tulsi 2 Капачиња двапати дневно со обична вода
Curcumin 2 Капачиња двапати дневно со обична вода

Природни додатоци во исхрана

Кафеав оцет: Употребата на кафеавиот оцет е најважен помеѓу неколкуте домашни лекови и се смета за полезен во третирањето на сипаницата. Половина шолја од овој оцет се додава во купка со топла вода. Ваквата купка помага за олеснување на иритацијата на кожата. Овес: Купка со овес се смета како природен лек за олеснување на чешањето кое се појавува кај сипаницата. Купката се подготвува со варење на две шолји овес во вода во период од петнаесет минути, Смесата потоа се става во ладна торба, особено од памук а врвот на торбата се заврзува со врвка. Таквата торба се остава да плива во кадата со топла вода и се остава да жубори се додека водата не се згусти. Треба да се земе во предвид и да се осигурите таквата торба да биде цврсто затворена. Детето со сипаници може да си игра во таквата вода, на тој начин осигурувајќи се дека водата ќе ги наводени местата обложени со флеки од сипаници, а торбичката е потребно цело време да биде внатре во кадата. Вода со грашок: Зелената вода со грашок е уште еден ефикасен лек против иритацијата која се појавува кај сипаницата. Водата во која претходно се сварени зрна грашок се користи како лек за оваа појава. Сода бикарбона: Сода бикарбона е популарен лек за контролирање на чешањето кај сипаниците. Се става малку сода бикарбона во чаша со вода и се остава водата на кожата се додека содата не се исуши. На овој начин, детето нема да добива напади на чешање. Масло со витамин Е: Употребата на витамин Е е корисно кај сипаницата. Маслото се користи за триење на кожата. Тоа има заздравувачки ефект. Флеките настанати од сипаници лесно заздравуваат по аплицирање на ова масло. Мед: Употребата на масло како надворешна облога се докажа полезно кај сипаниците. Кожата се премачкува со мед. И таквиот лек помага за лечење на болеста во период од три дена. Морков и коријандер: Супа подготвена од моркови и коријандер се покажа како корисна кај третирање на сипаници. Околу 100гр моркови и 60гр. Свеж коријандер се сечат на мали парчиња и се варат извесно време. Остатокот се остава настана. Супата се пие еднаш дневно. Билни чаеви: Лесен и смирувачки хербален чај е полезен за третирање на сипаници. Овој чај се подготвува од било која билка, како на пр: камилица, босилек, невен, се додава малку лимон, малку цимет, мед.. Треба да се зема во мали голтки неколку пати на ден.

Диететска важност

За почеток, пациентот треба да биде изложен на диета со овошен сок на неколку дена. Тој воедно треба да зема изобилство на овошје и сокови од зеленчук. Сокот од лимон се смета дека е особено полезен. Како што се подобрува состојбата, така пациентот треба постепено да ја применува диетата во која е застапено само овошје на неколку дена. Потоа, пациентот постепено се адаптира на добро избалансирана храна, со нагласување на свежо овошје и зеленчук.

Останати мерки

Пред да се започне со диетата со овошје, потребно е да се прочисти утробата со клистер и топла вода. Пациентот треба да престојува во добро проветрена просторија. Сончевата светлина и наштетува на очите за време на сипаниците, и затоа пациентот треба да ги заштитува своите очи од директна сончева светлина или пак да се внимава во собата да не е застапена премногу таквата светлина. Апликација од пакување со кал во пределот околу стомакот е полезно да се става двапати дневно, наутро и навечер и да се повторува таквата апликација особено и во пределот на градите. Секојдневно е пожелно да се применува купка со млака вода за да се олесни чешањето. За подобри резултати, се додаваат листови од НЕЕМ во водата за капење. Треба да се пази ноктите на детето секогаш да бидат исечени поради можното интензивно чешање, но и поради претворањето на мозолчињата во плускавици поради чешање, и на тој начин да се предизвика уште построга инфекција.