Акни


Acne Vulgaris – Што претставуваат акните ?

Акните се чести и хронични заболувања на кожата. Тоа е еден вид на воспалителна состојба на кожата на лојните жлезди и фоликулите на влакната. Раните од акни се појавуваат најчесто на површината од кожата, на вратот, градите и рамењата. Приближно шест од десет млади луѓе на возраст помеѓу дванаесет и дваесет и четири години патат од некој степен на заболување од акни. Нарушувањето предизвикува голем срам кај лицата кои се особено сензитивни за нивниот личен изглед.

Причини и симптоми

Акните се карактеризираат со појава на митисери или т.н.„црнки“, гнојници, мали и површински лојни цисти и лузни. Постојат многу видови и форми на акни, а најчести се т.н. „црнки“ или митисери. Областите кои се најчесто изложени на акни се челото, слепоочниците, образите, брадата, градите и грбот. Во некои ретки случаи, целото тело може да биде покриено со митисери каде се случува да биде пропратена ваквата состојба со интензивно чешање. Сите форми на акни имаат свое потекло од погрешниот режим на исхрана, како што е временскиот интервал на јадење, интензивно конзумирање на скроб, шеќер, пржени и масни оброци. Хроничната констипација е уште еден причинител за појава на акни. Доколку организмот не е испразнет доволно, тогаш отпадниот материјал настанат од исхраната не е исфрлен регуларно и на тој начин се инфицира крвниот притисок со отровни материјали. Кожата на овој начин прави дополнителен напор за да ги отстрани овие отрови и резултат на сево ова е појава на акни или други форми на нарушувања на кожата. Други причинители за ова нарушување на кожата се нарушената хигиена на кожата на лицето како и погрешните животни и секојдневни навики, преку умереното конзумирање чај, кафе, алкохол или тутун како и честите навики на седење и недостатокот од физичка активност. Сето ова зедно предизвикува лошо варење на храната и општа исцрпеност.
Сите производи се 100% природни без состав од хемикалии, без презервативи или адитиви, целосно вегетеријански и природни. Растенијата играат важна улога во прочистувањето на крвта, делувајќи обединето да помогнат во прочистувањето на гнојниците и исто така можат да помогнат во отстранувањето на лузните настанати од акни. За намалување на лузните од акните, ние ви препорачуваме:

Хербални додатоци

Производ Определена доза
Kishore Guggul 2 таблети, три пати на ден, со обична вода, по оброци
Navkarshik churna 1 кафена лажилка двапати дневно, со обична вода, по оброци
Neem  2 капсули двапати дневно, со обична вода, по оброци

Природни додатоци во исхрана

Витамини:
Два витамина, особено витаминот А е успешен во третирање на акните. Витаминската терапија треба да вклучува внес од 100мг нијацин, трипати дневно и 50,000 интернационални мерки од витаминот А, трипати дневно. Витамин Е, 400 мг е потребно еднаш дневно. Ваквата терапија треба да трае месец дена.

Цинк:
Друг ефикасенлек во областа за потхранување кој нуди ветувачки резултати за помош околу акните е цинкот. Ваквиот лек покажа извонредни резултати во некои случаи. Цинкот треба да се зема во тепатевтски дози од 50мг три пати на ден. Цинкот е достапен во форма на таблети и капсули. Во форма на таблети, е достапен како Zinfet – 200мг. Пациентот може да зема четвртина таблета за да земе 50мг на цинк. Во форма пак на капсули, е достапен како Ulseal-200 мг. Една четвртина од правот внатре во капсулата може да се зема како поединечна доза. Пациентот може да зема доза од 50мг днецно во период од еден месец или додека не се постигнат забележителни резултати за потоа да ја намали дозата до 25мг.  

Лушпа од портокал: 
Лушпата од портокал е многу ефикасно кај локален третман против акни. Здробете добро со вода на парче од камен, и на тој начин лушпата се става на зафатените места со акни.

Лимон:
Лимонот исто така се покажа како корисен во намалувањето на гнојниците и акните. Сокот од лимон се става редовно и на тој начин овозможува олеснување.

Лук:
Лукот е мошне успешен кај третирање на акните. Гнојниците исчезнуваат без лузни доколку се ексфолираат со свеж лук неколку пати на ден. Дури и екстремно упорните форми на акни, кај некои лица, успешно ги отстраниле ваквите појави со овој вид на третман. Надворешната употреба на лук помага за чистење на кожата од флеки, гнојници и мозолчиња. Ваквиот процес е потпомогнат со конзумирање на три чешниња на лук еднаш дневно во период од месец дена и на тој начин се прочистува крвта и се осигурува трајна чистина на кожата.

Коријандер и сок нане: Една кафена лажичка од сок од коријандер, промешан со малку турмеричен прав е уште еден ефикасен домашен лек за мозолчиња и митисери. Ваквата смеса треба да се стави на лицето по темелно чистење секоја вечер пред легнување. Сокот од нане може да се користи на сличен начин како и сокот од коријандер.

Рогата детелина:
Рогатата детелина е уште еден ефикасен лек против акни. Смесата направена од лисјата на ова растение, ставено на лицето секоја вечер пред легнување и прочистено со топла вода наутро, спечува појава на мозолчиња и митисери.

Краставица: 
Издробена краставица аплицирана преку лицето и вратот во времетраење од 15 до 20 минути се покажа како доста ефикасен третман. Тоа е најдобриот тоник за лице. Честото користење на овој третман ги спречува мозолчињата и митисерите.
Заздравувачки смеси за акни и кожа-Хербални лекови против акни-Ефикасни за лузни предизвикани од Акни
Еве три смеси кои можете да ги подготвите дома и да ги нанесете на вашата кожа. Тие се ефикасни во намалувањето на акните и третирање на лузните настанати од акни.
1. Промешајте една кафена лажичка брашно од леблебија (достапно во Индиските продавници и продавниците за природна храна) со доволна количина вода за да направите смеса и исчистете го вашето лица со оваа смеса. Исплакнете, а потоа сторете го следново:
2. Промешајте прав од бадем со малку вода и таквата смеса нанесете ја на вашето лице. Оставете да се исуши и да отстои од половина час до час, а потоа исплакнете темелно. Овој вид на прав од бадем можете да го сомелете во апарат да мелење на кафе или ореви). Овој домашен лек е одличен против акни.
3. Смеса од сандалово дрво и турмерична пудра промешана во козјо млеко е делува заздравувачки на кожата. Земете ¼ кафена лажилка турмерична пудра и половина кафена лажичка пудра од сандалово дрво а потоа промешајте ги и додадете козјно млеко за да направите смеса. Нанесете ја ова мешавина на вашето лица. Зебелешка: Вашето лице ќе изгледа жолтеникаво во период од 5 дена, но ваквата формула е мошне ефикасна за целосно отстранување на акните.

Диететска важност

За започнување, пациентот треба да конзумира единствено овошна диета недела дена, земајќи три оброка на ден или свежи сочни овошја, како што се јаболката, крушите, грозјето, грејпфрутот, ананасот или праските. Дозволено е да се конзумира само незасладен лимон во топла вода, без разлика дали топла или ладна. По завршетокот на оваа еднонеделна диета со овошје, пациентот смее да продолжи со со адаптација на диета каде е нагласена свежата храна, особено овошјето и зеленчукот, никулци, ореви или лешници и житарки, особено просо или кафеав ориз. Неопходни се уште неколку кратки периоди од три дена или приближно во период од месец дена за да се подобри состојбата на кожата. Месото, шеќерот, чај или кафе, зачини, кисели краставички, топли пијалоци, чоколада, сладолед, рефинирана или термички преработена храна треба да се избегнува колку што е можно повеќе..

Останати мерки

За време на почетната овошна диета од недела дена, потребно е да се прочистува утробата со клистир и топла вода. Врело поттикнување е потребно да се аплицира локално за да се отворат порите за да се отстрани од нив отпадниот материјал. Заболените места треба да се исплакнат со ладна вода. Пациентот треба да биде изложен на туширање и капење на отворено за да го изложи своето тело на сонце и воздух. Врела купка со Епсом сол двапати неделно е корисна за сите случаи на акни. Оваа купка се подготвува со додавање на 11/2 кг на Епсом сол во 30л на вода која има 37.8'1 C. Пациентот треба да почива во купката околу 25-35 минути додека целосно не се испоти. По купката, пациентот треба да се олади постепено.